-->
-->
Целото население во страв: Пратејќи змија, пронашле легло со повеќе од 300 јајца
-->

Седев пред куќата и одеднаш видов змија како ползи кон куќата.Ја избркав, а таа исчезна кон каналот. Пробав да видам каде се скрила, помрднав еден камен и се шокирав од погледот на легло со змиски јајца, вели Станоја Лукиќ (32)
Граѓаните на приградската населба на Славонско Брдо покрај реката Сава се исплашени откако нивниот сосед пронајде легло од околу 300 змиски јајца.
- Го откривме ова змиско легло, а верувам дека такви има повеќе од едно. Не сакам ни да помислам што би се случило доколку би излегле змии од јајцата. Ќе моравме да се отселиме, вели Чедо Тодоровиќ (33).
Неговата мајка Мира (’() е во страв и не може да замисли дека змии и ползат околу куќата и по дворот.
-Овде се нашите деца кои играат околу куќата. Штто ако змија ги нападне или касне?, во страв вели она.

Вознемирените граѓани на оваа населба веднаш повикале полиција, а со нив стигнал и ловец на змии Дарко Карамазан од Бебрине.
- Тоа е легло на смок. Иначе, може да порасне до 2 местри. Се храни со глодари, но не е опасна за луѓето зошто не е отровна. Во секој случај подоброе да не ја закачате, изјави Карамаза, кој ги собра јајцата во Најлонска вреќа. Ги повика од Друштвото за заштита на животните од Загреб кои ќе се погрижат за леглото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС