Целосно реконструирана улицата „Иван Цанкар“ во населба „Влае1“
Улицата „Иван Цанкар“, заедно со нејзините осум краци, е целосно реконструирана, информираат од општина Карпош. Оттаму известуваат дека инфраструктурниот зафат опфатил асфалтирање на коловозот во вкупна должина од 673 метри, при што биле нивелирани шахтите, и биле поставени нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 1.570 метри.
- Локалната самоуправа за оваа инвестиција од својот буџет обезбеди околу 5.000.000 денари, а градежните работи ги изведуваше фирмата „Ексико“. Исто така, во овој дел од населбата „Влае 1“ заменивме преку 40 светилки, што значи дека овој реон е речиси целосно осветлен. Останати се само две светилки кои се демолирани, но во наредните два дена ќе ги санираме и нив, истакна на денешната прес- конференција градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски.
Тој најави дека локалната самоуправа ќе изврши реконструкција на коловозот и рабниците на улицата „Корушка“, како и на улицата „Вангел Дину“.
- Во овој дел на општината Карпош, жителите на Влае добија нови коловози. Поточно станува збор за улиците „Иван Цанкар“ со сите нејзини осум краци, вбројувајќи ги и улиците „Франц Месеснел“, „Франц Розман“, „Езерци“, „Гари“, „Ринхини“ и „Петар Чаулев“. Веќе од наредната недела започнуваме со една сериозна градежна иницијатива, која опфаќа асфалтирање на 15 краци од улицата „Франце Прешерн“, соопшти Јакимовски.
Ново на Сител
-
Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ
-
Ако денеска не се избере градоначалник, втор круг на изборите ќе има на 2 ноември
-
Сиљановска-Давкова: Очекувам уште денеска да знаеме како се движат работите
-
Заврши гласањето, почнува броењето
-
Филипче: Очекувам мирен ден, посакувам мирни и фер избори
-
Мицкоски: Очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ
-
До 17 часот најголема излезност на гласачи во Општина Тетово со 41,50 проценти
-
Се претставувале како набљудувачи, МВР со детали за апсењето во Чаир