Целосна реконструкција на Битолската болница
Објектот на Битолската болница до октомври следната година ќе добие комплетно нов надворешен и внатрешен изглед. Идејното решение е избрано, тендерот за изведувач на работите е објавен, а инвестицијата за реконструкција на овој објект на Министерството за здравство изнесува 130 милиони денари.
Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес -конференција информираше дека реконструкцијата ќе се изведува во две фази. Првата фаза ќе го опфати надворешниот дел, односно поставување енергетски ефикасна фасада, промена на кровот и прозорите, а втората фаза ќе се однесува на внатрешноста на болницата.
- Првата фаза ќе опфати промена на фасадата со што објектот ќе добие енергетски ефикасна фасада, замена на прозори и врати, како и замена на кровот според најновите стандарди во оваа област. Првата фаза од реконструкцијата на болницата практично го опфаќа надворешниот дел од објектот, додека втората фаза ќе ја опфати внатрешноста на објектот и ќе биде извршена адаптација на стационарот со оформување на двокреветни соби, изведба на нови санитарни јазли (дополнително, во секој болнички тракт), комплетно реновирање на операциските сали каде ќе се врши замена на електрична инсталација, машински инсталации и климатизација и поставување нови лифтови, појасни Тодоров и додаде дека со тоа што објектот ќе стане енергетски ефикасен се проценува дека годишно ќе се прави заштеда само по основ на греење 170 милиони евра.
Тодоров смета дека со реконструкцијата ќе се подигне стандардот и квалитетот на болницата. - Со комплетната реконструкција на Клиничката болница во Битола значително ќе се унапредат условите за обезбедување здравствени услуги за пациентите од целиот регион и ќе се овозможат подобри услови за вработените, рече министерот за здравство.
Објектот е изграден во 1972 година и досега се вршени некои обновувања, но како што рече министерот ова е еден од најкрупните реконструктивни зафати во здравствената инфраструктура во овој регион.
Министерот Тодоров потенцира дека клиничката болница во Битола во изминатиот период е значително зајакната и од аспект на нова, софистицирана опрема. Набавена е нова опрема во вредност од околу 6 милиони евра, која опфаќа нов дигитален рентген апарат, кој е веќе испорачан, ангиограф, апарат за компјутерска томографија, магнетна резонанца, мамограф, а дополнително ќе се набави и бронхоскоп и апарат за ЕХО-дијагностика на белите дробови, наменети за зајакнување на специјалноста пулмологија.
Како што посочи, сериозно е вложено и во доусовршување на човечкиот потенцијал во повеќе специјалности во болницата, така што во изминатиот период од 2012 до 2015 година, на едукација во реномирани странски медицински центри се испратени околу 100 здравствени работници. Едукациите се спроведени во Германија, Австралија, Словенија, Турција, Украина, Бугарија, Србија, во повеќе различни медицински специјалности, како кардиохирургија, интервентна кардиологија, неврохирургија, торакална хирургија, интензивна нега, ортопедија, лапароскопија, анестезиологија, скрининг за рак на дојка и слично.
Ново на Сител
-
Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
-
Претреси во дојранско, пронајдени околу два килограми марихуана и пушки | ФОТО
-
Приведен дилер во Тетово за издржување тригодишна казна затвор
-
Крадец фатен на дело во Прилеп
-
Во Берово најстудено, најтопло во Претор и Гевгелија
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија