Верстапен ја доби својата четврта последователна титула во Формула 1
Шампионот во Формула 1, Макс Верстапен, ја доби својата четврта последователна титула на годишната церемонија на доделување награди, која за прв пат се одржа во Африка. Холанѓанецот трофејот го прими лично од претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, а на подиумот се најде и шефот на државата Руанда, Пол Кагаме.
Верстапен е еден од шесте возачи во историјата со четири или повеќе титули во Формула 1.
-Тоа е навистина фантастично достигнување, но нема да застанам тука. Се надевам дека ќе можеме да бидеме толку успешни на долг временски период. Оваа година беше многу неизвесна, а во 2026 година ќе има многу промени, рече Верстапен, цитиран од агенциите.
Мекларен ја освои титулата кај конструкторите за прв пат по 26 години, со што ја прекина серијата на Ред Бул.
-Не успеавме да ја освоиме титулата кај конструкторите, се разбира. Мислам дека го заслуживме тоа и направивме се што беше во наша моќ да ја освоиме. Добрата работа е што секогаш има следна година. Со нетрпение ја очекувам бидејќи битката со другите тимови повторно ќе биде интересна, додаде Верстапен.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени