Македонија
26. October 2016 - 8:39

Цел Балкан се тресе - Еве каде имаше земјотрес во изминатите 24 часа

И ова утро тлото се тресе. По неколкуте мирни денови, вчера и завчера земјотреси повторно го тресеа Балканот.
 
Вчера во 8 часот и 10 минути земјотрес беше почувствуван и во Македонија со епицентар во Карбинци. Потресот беше со магнитуда од 2,7 степени.
 
Утрово се тресат повеќе делови на Турција, а земјотрес од 3,3 степени е регистриран и на подрачјето на Грција.
 
На Балканот, земјотрс е регистриран и во Босна. Потресот бил со интензитет од 2,6 степени според Рихтер.
 
Земјотрес е почувствуван и во Тирана, Албанија со јачина од 2,7 степени.
 
Се надеваме дека тлото конечно ќе се смири и дека ни претстојат мирни и безгрижни денови.