Цеца откри тајна која никој не ја знаеше досега
Најголемата балканска ѕвезда Цеца Ражњатовиќ денеска го слави својот 43. роденден во Кипар заедно со нејзините најблиски.
И покрај тоа што новинарите ја поврзуваат со многу мажи, дивата едноставно изјави:
-Не знам зошто луѓето мислат дека сум некоја „фам фатал“, кога водам мирен и повлечен живот. Не излегувам, не се забавувам, околу мене нема орда мажи и удварачи, раскажува Цеца.
Но не крие дека и не и годи што обожавателите ја опсипуваат со големо внимание и љубов, но сепак вели дека таа не ја користи својата моќ над мажите.
- Не сум јас некоја што кокетира. Не можам да флертувам и ја користам таа, како што ја нарекувате, моќ над мажите. Не сум ни свесна дека ја имам. Можеби им е тешко на луѓето да поверуваат зошто јас сум постојано на телевизија, но во суштина сум многу срамежлива личност, открива Цеца Ражнатовиќ.
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите