Цеца ја откри вистината за Марина Туцаковиќ: Се бори, но и пречи…
Откако во почеток на февруари осамна веста дека популарната авторка на најголемите хитови Марина Туцаковиќ е болна од карцином на дојка, во етерот се појавија секакви информации за нејзината здравствена состојба. По тој повод, нејзината долгогодишна пријателка и соработничка Цеца Ражнатовиќ откри дека Марина не може и не сака да ги демантира неточните информации што кружат, но и дека се чувствува добро.
„Секој ден контактирам со Марина. Знам дека многу и’ пречат написите во весниците. Таа самата ми вели дека чита за себе нешто што нема врска со вистината, но дека таа навистина нема намера, а ни можност сега да се занимава со демантирање на текстовите. Таа се бори и засега е добро. Марина е лавица и ја има мојата апсолутна поддршка. Концертот и новиот албум се одложени и пред да се разболи Марина, бидејќи не стасавме да го заокружиме албумот. Имам толку многу песни зад себе и немам потреба да се докажувам со нешто ново. Но кога ќе го завршам албумот, сакам лично да застанам зад него и да бидам целосно задоволна“ – вели Цеца.
Цеца ги откри и своите планови врзани за прославата на 30-годишнината од кариерата, кои се моментално запрени поради здравствената состојба на Туцаковиќ.
„Оваа година навршуваат 30 години од издавањето на мојот прв албум. Планиравме да одржам голем концерт на Ушќе со новиот албум и тоа да биде голема балканска забава, но ако нема доволно добри песни, тогаш нема причина да брзаме. Кога подготвувам албум, секогаш со Марина прво ги преслушувам мелодиите и секогаш се консултирам со моите деца. Тие ги следат трендовите и тие се мојата публика. Засега немаме најдено нешто што ќе ги смени работите“, изјави Цеца.
Ново на Сител
-
Не се срамев од работа, успеав на село со свој бизнис | Сања Димковска | Sitel Podcast 041
-
Тројно убиство во Србија: 22 годишник со ловечка пушка ги убил татко му, дедото и бабата
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром