Царовска во Гевгелија и Валандово: Секој пензионер доби зголемена пензија за 722 денари, платите растат, ги поддржуваме компаниите

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска вечерва се сретна со граѓаните на Гевгелија и Валандово со кои разговараше за реформите со мерките спроведени од Владата предводена од СДСМ и за следните предизвици.
“За две и пол години, односно за не цел мандат со водење на одговорно економски политики успеавме да направиме пресврт во економијата и да го подобриме животниот стандард. Граѓаните тоа веќе го чувствуваат со повисоки пензии за 722 денари исплатени на 324.000 пензионери. Ова зголемување ќе влезе во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец што значи дека за една година пензионерите ќе добијат дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки. Ја зголемивме и социјалната помош. Сега 27.000 семејства користат помош во просек повисока за 300% со што посветено работиме на искоренување на сиромаштијата”, посочи Царовска.
Царовска истакна дека само две и пол години минималната плата е зголемена за 60% и сега изнесува 14.500 денари. “Имаме постојан раст на просечната плата, а со мерките за субвенционирање на придонесите 20.000 компании во декември ја зголемиле платата на вкупно 106 илјади работници. Благодарение на субвенциите во моментот 306 илјади работници земаат плата над 18.500 денари, што е 70% од вкупниот број на вработени во приватниот сектор”, рече потпретседателката Царовска.
Царовска истакна дека со неколку законски измени материјално се обезбедени до пензионирање 12.000 стечајци со месечен надоместок од 8.000 денари.
„Продолжуваме понатаму со посветена работа. Продолжуваме да ја движиме економијата напред и да го поддржуваме бизнис сектор со различни програми и мерки“, рече Царовска.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
-

Трамп: Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане
-

Три победи за Македонија на првиот ден од Светското првенство во кик-бокс – славеа Нешевски, Николов и Баснарков
-

Бобан Илиоски испиша историја – прв Македонец со договор во GLORY
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат - нови цени на горивата од полноќ
-

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец во глава додека го легитимирал на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров
-

Граѓаните револтирани: Ја кренале рампата и паркирале на пешачката патека долж ѕидот на Зоолошката во Градски парк
-

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна
