Царовска: Потребни се 8000 денари за едно дете за почеток на учебната година
Министерката за образование Мила Царовска во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител рече дека на едно семејство му се потребни минимум 8.000 денари за почеток на учебната година.
„Сигурно дека ако се пресмета и таблетот, нѐ чини некаде околу 8.000 денари минимум. Она коешто значи припремање за школска година за едно дете. Но затоа е значајно дека оваа година сите училишта се опремија со дидактика каква што досега немале. Прво и четврто одделение по новите програми, училиштата купија надгледно средство за секое дете, за да се олесни потребата од дополнителни материјали на родителите. Но, основниот прибор, сепак, ученикот го носи од дома,“ рече Царовска.
Вели дека Центрите за социјална работа стојат на располагање за социјално-загрозените семејства, додавајќи дека тие ќе им помогнат со еднократна парична помош.
„Да не заборавиме дека кога бев министерка за труд воведов и образовен и детски додаток кои што не се мала сума за две деца. Околу 3.000 и 3.800 денари добиваат родители чиишто деца се во школо и што се малолетни, а се од ранливо семејство. Тие пари се за децата. Затоа се вели Образовен додаток и Детски додаток. И ги добиваат на месечно ниво за да може да ги сервисираат овие потреби, коишто се побаруваат,“ вели Царовска.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
