Царовска: Наша цел е опфатот на деца во градинките да го зголемиме за 50 отсто
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот Саша Богдановиќ денеска беа во увид на градежните работи на градинката „Пепелашка“ во Центар. Градинката која што е сместена во постар објект целосно се реновира и реконструира во модерен објект по најсовремени стандарди со средства на Општина Центар обезбедени преку Светска банка.
– Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50 отсто, за што забрано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година од Буџетот на државата се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години беа инвестирани над 180 милиони денари. Обезбедени се и дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки, изјави Царовска.
Министерката Царовска истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите се работи и на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот којшто се грижи и ги воспитува децата. Само во последната година платите на вработените во градинките се зголемени за 21 отсто што е најголемо покачување до сега.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор