Царовска: Најголем дел од средношколците се подготвуваат за матура, нов концепт од следната година
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска повтори дека годинава останува постоечката концепција за државна матура и оти нема да има намалување на предметите за полагање како што бараат дел од средношколците.
Во изјава за медиумите дадена по настан во Гостивар, министерката Царовска нагласи дека концепцијата за матура е донесена на почетокот на годината и оти исклучувањето на одредени предмети би ја нарушила целата концепција.
Досега, 15 илјади ученици се пријавиле за полагање матура што, според Царовска, укажува дека најголем дел се подготвуваат за матура.
Матурата, како што посочи таа, е законска обврска и важна е за запишување на средношколците не само на домашните факултети, туку и на европските и светските високообразовни институции.
– Минатата година бевме негативен пример и нашата земја остана како изолирана затоа што не овозможи полагање на матура. Многу наши ученици извисија од можноста да се запишат на одредени светски и европски универзитети. Токму затоа сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.
Од следната година се планира да стартува нов, современ модел на државна матура за што е договорено да се формира работна група во која ќе учествуваат и претставници на средношколците.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација