Царовска: Ќе се заштитат идните пензионери, возрасната граница за пензионирање нема да се поместува
Фокусот на активностите на Министерството за труд и социјална политика е заштита на идните пензионери и намалување на дефицитот во ПИОМ. Остануваме на истиот став - возрасната граница за пензионирање нема да се поместува.
Ова денеска го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, во одговор на новинарско прашање до каде е реформата што се најавувала за решавање на финансискиот дефицит во ПИОМ.
- Се додека немаме конечна позиција нема да излеземе во јавност. Важно е да се напомене дека и сегашните пензионери се безбедни. Пензии имаме, исплатата на пензии е редовна. Двапати годишно како што ветивме така и правиме, ги усогласуваме пензиите со трошоците за живот и растот на плати, и токму затоа има и постојан раст на пензиите, посочи Царовска.
Истакна оти смета дека во моментов нема потреба од дополнителен притисок по ова прашање, и оти напротив сите заедно треба да донесеме одлука кога е најдобро да се направи истото, и тоа ќе претрпи законски измени и целиот систем ќе се стабилизира.
- Остануваме на истиот став - возрасната граница за пензионирање нема да се поместува. Сите други адаптации што ќе се прават нема да бидат на штета на никого, туку сите заедно да инвестираме во еден подобар систем. Не би дала рок важно е да сме на сигурно кога една реформа се прави да сме согласни дека нема дилеми дека на крајот ќе имаме стабилен пензиски систем што се грижи и за сегашните пензионери и за идните пензионери, додаде Царовска.
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори