Царинска управа: Запленети возило адаптирано за криумчарење, фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки | ФОТО

Во соработка со МВР, служба за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока. Случајот е откриен на излез на граничен премин Табановце, каде со мобилен скенер е извршено скенирање на автомобилот, при што се откриени бункери во праговите, информираат од царинската управа.
Автомобилот е запленет, а до надлежниот суд ќе биде поднесена соодветна пријава до возачот на автомобилот, инаку македонски државјанин, заради прекршување на царинските регулативи.

Исто така, околу 130 парчиња облека и обувки биле пронајдени во куфери и кеси сместени во багажникот на автомобил со македонски регистарски таблички, со којшто двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Меџитлија.
-Мобилен царински тим при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на влез во државата на граничниот премин Дојран открук 67 парчиња облека. Исто така, 329 кинезиолошки траки за поддршка на мускулите се пронајдени во багажник на автомобил со германски регистарски таблички управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а 2.900 делови за ПВЦ прозорци (оков) се откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничниот премин Блаце, велат од Царинската управа.

Оттаму додаваат дека 156 детски играчки со ознаки на заштитени трговски марки се запленети поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Тие се откриени при контрола на стока со потекло од Кина, наменета за фирма од Струмица, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Струмица. Во друг случај мобилен царински тим заплени 406 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост. Истите се откриени при контрола на стока во транзитна постапка со потекло од Турција.

-Откриени се и 111 парфеми и тоалетни води во багажник на автомобил со германски регистарски таблички со кој македонски државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, информираат денеска од Царинската управа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов
-

Германија вети уште 100 милиони евра помош за украинскиот енергетски сектор
-

Намалена видливост поради магла до 50 метри на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и во Крушево
-

Две лица пренесени во болница по сообраќајка кај скопската обиколница
-

Мицкоски: Годинава првпат петтоцифрена бројка на номинален БДП по глава на жител од 10 500 долари
-

Апел за донации: Потребна е помош за лекувањето на малата Милена
-

Еден загинат при уривање на дел од магацин во пристаништето во Антверпен
-

Приоритетни области за инвестиции во здравството презентирани на средба на Алиу со претставници на Светска банка
