Царинска управа: Спречено криумчарење на два тона месо штетно за здравјето на граѓаните
Мобилен тим на Царинска управа викендов спречи криумчарење на два тони месо штетно за здравјето на граѓаните. Превозникот воедно и сопственик на транспортното возило, месото не го пријавил со царинска декларација, а за него не поседувал ниту ветеринарен сертификат, информираат денеска од Царинската управа.
Оттаму додаваат дека по поднесена кривична пријава, донесена е и пресуда за сторено кривично дело, криумчарење на стока.
-Имено, во саботата на царинска испостава Богородица на влез во државата се пријави товарно возило со грчки регистарски таблички, за коешто со царински документ беа пријавени 28 колети вода, пити, салати и пиперки. Заради извршување на детален преглед возилото е пренесено во јавен царински склад, каде по отпочнување на прегледот превозникот изјавил дека има и друга непријавена стока, замрзнато свинско месо, чија што вредност согласно дополнително приложените документи изнесува 11 илјади евра, информираат од Царинската управа.
Случајот е преземен од страна на инспектори во Одделение за истраги при Сектор за контрола и истраги, кои поднесоа кривична пријава до Основен кривичен суд Гевгелија, каде е донесена пресуда за сторено кривично дело „Криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.
Царинска управа, велат оттаму, согласно своите приоритети во континуитет спроведува акции за сузбивање на сите форми на криминал, грижејќи се за безбедноста на граѓаните.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана