Царинска управа: Полски државјанин во црни ќеси скрил девизи
Спречен обид за нелегално изнесување на непријавени девизи во висина од 1.890.000 албански леки, што е околу 18 илјади евра, откако полски државјанин на излез од државава, на граничниот премин Деве Баир, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници, информираат од Царинската управа.
- Поради постоење сомнеж, автомобилот со полски регистарски таблици и патникот кој патувал со сопатник се упатени на детален преглед при што под задните седишта во близина на отворот на резервоарот во црни најлон ќеси како и во личните работи во ранците се пронајдени 3.952.000 албански леки што е околу 38 илјади евра, соопштуваат од Царинската управа.
Оттаму, посочуваат дека, согласно Законот за девизно работење, нерезиденти можат да изнесат од државава до десет илјади евра, при што на двајцата патници им се вратени албански леки во вкупен износ од 2.062.000 леки или 20.000 евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувале документ се привремено задржани.
- Против возачот е поднесена пријава за девизен прекршок, а девизите согласно регулативата ќе бидат предадени на Народната банка, известуваат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении
-
ДЗС: Во земјава нема активни пожари
-
Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море