Царинска управа: Почнуваат подготовките за имплементација на системот со грант од 4,8 милиони долари од Јужна Кореја
Повисоки приходи во Буџетот, а со тоа и повеќе пари за здравство, инфраструктура и образование, како и сузбивање на организираниот криминал е целта на новиот систем за унапредување на анализата на ризик и податочен склад во Царинската управа што ќе се имплементира со грант од 4,8 милиони долари од Република Кореја, соопшти Царинската управа.
- Неделава почнаа подготовките за имплементација на проектот, при што високи раководни лица од корејската Царина кои ќе менаџираат со проектот се во посета на Царинската управа. Во рамки на посетата од нивна страна беше презентирано како функционира системот за анализа на ризик преку користење вештачка интелигенција и управување со големи сетови на податоци во корејската Царина. Воедно беше презентирано и функционирањето на царината во областа на е-трговијата, при што посебно се осврнаа на начинот на контрола и селекција на пратки како клучно во борбата со нелегалната трговија и царински измами, се наведува во соопштението.
Од ЦУ посочуваат дека, зајакнувањето на контролите по царинење и користење на вештачка интелигенција која ќе користи голема база на податоци за селекција на сомнителни декларации, ќе овозможи подобро таргетирање декларации во кои постои ризик за плаќање давачки во помал износ од реалната цена на стоката, ризик од погрешно царинско распоредување или ризик од неточно пријавување на потеклото на стоката.
За имплементација на системот Царинската управа добива грант од 4,8 милиони долари од Владата на Република Кореја за што беше потпишан и Меморандум за соработка.
- Одлуката за доделување грант од 4,8 милиони долари следеше по неколку месечна анализа на работењето на управата по што беше одлучено дека како лидери во регионот грантот треба да биде доделен на Царинска управа на РС Македонија, соопштуваат од Царинската управа.
Ново на Сител
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа
-
Преку лажен мејл наводно од ФЗО на граѓани им ветувале исплата на пари ако кликнат на одреден линк
-
Исус покренат со вештачка интелигенција во црква во Швајцарија
-
Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување
-
Тепачка помеѓу пратениците од власта и опозицијата во српското Собрание | ВИДЕО
-
Ана де Армас во врска со посинокот на контроверзниот претседател на Куба