Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.
Од Царинската управа информираат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
МИА
Ново на Сител
-
Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија
-
Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Да ја надминеме духовната и моралната криза и да се вратиме на вистинските вредности
-
Путин и Ким Џонг-ун ќе присуствуваат на воената парада во Пекинг на 3 септември
-
Жрепката за Лигата на шампиони денеска во Монако
-
Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци
-
Зеленски: Најмалку осум лица загинаа во напад врз Киев, меѓу нив и едно дете
-
Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред