Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, откриле царинска измама во висина од седум милиони денари.
Како што соопшти денеска Царинската управа, дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажале дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка.
Против сторителите е поднесена кривична пријава за царинска измама, а донесени се решенија за дополнителна наплата на избегнатите давачки во висина од седум милиони денари.
Од Царинската управа информираат дека ќе продолжат со мерки за заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување фер конкурентност на пазарот.
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска