Царинска управа: Континуиран раст приходите, во септември наплатени над 179 милиони евра
Царинската управа соопшти дека во октомври наплати приходи од 179,5 милиони евра, што претставува раст од 7,5 проценти или зголемување од 12,5 милиони евра во однос на истиот месец минатата година.
Притоа, најголем процентуален раст од 13,4 проценти е остварен во наплатата на приходи од царина. Наплатата на приходи од ДДВ бележи раст од 8,7 проценти, од ДМВ за 6,9 проценти, додека од акциза за 3,7 проценти.
- Создадовме систем што континуирано генерира високи приходи во Буџетот и овозможува повеќе средства за капитални проекти кои ќе генерираат одржлив економски раст. Во јули, наплатата на приходите беше зголемена за 10,5 милиони евра, во август за 14,5 милиони евра, а во септември за 12,5 милиони евра, вели директорот на Царинска управа, Бобан Николовски.
Кумулативно од почетокот на годината Царинската управа наплати приходи од 1,58 милијарди евра, што е за 78 милиони евра повеќе од лани истиот период.
МИА
Ново на Сител
-
Претреси во Ѓорче, пронајдена поголема количина кокаин и марихуана
-
Приведен крадец од Тетово
-
Пронајдени оружје и муниција при претрес во Кичево
-
Мицкоски: До крајот на мандатот сите јавни услуги ќе бидат достапни онлајн
-
Германија бара поддршка од ЕУ за „центри за враќање“ на одбиените баратели на азил
-
Форбс: Илон Маск стана првиот човек со богатство од 500 милијарди долари
-
Четириесет проценти од младите до 18 години пушат - бројките се алармантни
-
СПМ: Лидерите на СДС и ДУИ нудат безобѕирна реторика