Царина заплени 30 илјади евра на граничен премин Богородица | ФОТО
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.
Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло, известуваат од Царинската управа.
Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.
За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава, стои во нивното соопштение.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор