-->
-->
Цапак: 25 проценти од Хрватите одбиваат секаква вакцинација
-->
– Директорот на Хрватскиот институт за јавно здравје Крунослав Цапак ги соопшти резултатите од анкетата според која 25 проценти од хрватските граѓани апсолутно одбиваат каква било вакцинација, а 10 до 15 проценти се двоумат дали да ја примат вакцината.
– Според нашите анкети, околу 25 проценти од Хрватите тврдокорно одбиваат вакцина, каква било вакцинација, не само против корона. Околу 10 до 15 проценти се двоумат, мора да влијаеме на нив, а остатокот ќе биде вакциниран, изјави Цапак за вестите на Н1 телевизија коментирајќи го слабиот одѕив на вакцинацијата.
Според него, вчера одговориле само една третина од граѓаните повикани да се вакцинираат против Ковид-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот