-->
-->
Бускетс: Беа подобри од нас во секој поглед
-->
Неверување владее кај раководството и фудбалерите на Барселона по синоќешниот дебакл и поразот од Пари Сен Жермен со 4:0 во првиот осимнафинален дуел од Лигата на шампионите. Победата на парижаните е сосема заслужена, а со тоа се сложува и играчот на каталонскиот клуб Серхио Бускетс.
- Одиграа извонреден дуел. Беа подобри од нас во секој поглед. Едноставно не надиграа. Одлично делуваа и очигледно нивната игра тактички беше поставена без грешка. Останува да се надеваме дека на реваншот ќе ни се пружи шанса барем да го направиме дуелот неизвесен. Нивната предност е огромна, но нема предавање се додека постојат и теоретски шанси, изјави Бускетс.
Возвратниот дуел во Барселона е на 8 март.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи