Бурек за Гинис направен во Тузла

На Плоштадот на слободата во Тузла вчера беше измесен најголемиот бурек на светот, со кој жители на овој босански град ќе се обидат да влезат во Гинисовата книга на рекорди.
Бурекот беше приготвен во тепсија со пречник од шест метри и тежеше околу 650 килограми, што е доволно за дури 5.000 порции.
Подготвувањето на бурекот траеше шест часа и за него локални пекари исукаа кори во должина од 1,5 километри.
- Ќе го поделиме бурекот со народот и дел ќе им испратиме на службите кои за нас се грижат 24 часа, а тоа се пожарникарите, Брзата помош, полиција и Универзитетскиот клинички центар, изјави организаторот на оваа иницијастива Омер Исовиќ.
Тој изјави дека во рок од три месеци треба да добијат потврда дали е соборен Гинисовиот рекорд.
Според Исовиќ, досега најголемиот бурек на светот, со пречник од 5,5 метри, бил направен во Љубљана, но тој не влегол во Гинисовата книга на рекорди.
Ново на Сител
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
-

Најнова технологија за косините кај Ботун
-

Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
-

На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
