-->
-->
Бурата „ѕвер“ ќе ја зафати Европа: Континентот ќе биде закован во снег и лед, а температурите ќе одат и до -50
-->

Бурата од Арктикот која е наречена "ѕверот од исток", ќе донесе екстремно ниски температури во неделата вечер, во некои области до минус осум степени Целзиусови.
"Не сме имале толку ниски температури во овој дел од годината од 2013 година, но ова е невообичаено, особено што е доста доцна во сезоната. Пролетта ќе биде одложена со оваа бура, бидејќи на 1 март мразот ќе биде само на половина пат низ студениот бран" , велат британските метролози.

Во текот на денот во понеделникот се очекува температура околу нула во поголемиот дел од континентот, додека само Северна Ирска ќе го избегне студениот бран. Снегот се очекува главно во источните региони и веројатно ќе се акумулира во некои делови.
Британскиот лекар, Томас Вајт, ги предупреди граѓаните дека мразот може да има сериозни последици за здравјето на луѓето.
"Со деновите кои сега се малку подолги и посветли, лесно се заборава дека ладното време може да убие", рече д-р Вајт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина