Свет
18. December 2019 - 22:04

Бура продува низ Америка, предизвика хаос: Откажани летови, патишта затворени, луѓето не можат да е вратат дома

Милиони луѓе на североистокот на САД, вклучувајќи ги и оние кои се обиделе да се вратат дома по продолжениот празничен викенд и Денот на благодарноста, се соочија со првата значајна бура оваа сезона, поради што ширум државата се откажани стотици летови, а голем број патишта се затворени.

Бурата, која почна на западниот брег неколку дена пред Денот на глагодарноста, ќе трае до вторник, велат метеролозите, пренесува Њујорк тајмс.

Според порталот "FlightAware", во текот на неделата се откажани 800 летови во САД, додека повеќе од 7.100 летови се одложени или доцнеле, што ги искомплицира и враќањето на патниците, кои традиционално патуваат на Денот на благодарноста. Повеќе стотици летови се откажани во Чикаго, Сан Франциско, Њуарк и Бостон.
 
Летовите доцнеле и до четири часа на меѓународниот аеродром во Сан Франциско, додека авион на авиопревозникот „Делта“ се лизнал од пистата по слетувањето во Бафало, во сојузната држава Њујорк. Летови од аеродомот во Бостон. Њу Џерси, Филаделфија и Њујорк доцнеле и по неколку часа поради лошото време.
 
Во Њујорк во нделеата паѓал леден дожд, поради која авионите не можеле да полетаат на време од аеродромот ЈФК и ла Гвардиа.
 
Меѓутоа, во текот на денот ситуацијата се стабилизирала, па вечерта само њујоршкиот аеродром Ла Гвардиа пријавил доцнење на летови поради лошото време, пишуваат американските медиуми.