Бухари ветува ослободување на киднапираните ученички во Нигерија
Владата на Нигерија „нема да има спокојство“ додека над 200 киднапирани ученички во 2014 година не бидат ослободени, изјави денеска претседателот на Нигерија, Мохамаду Бухари пред Европскиот парламент во Стразбур.
Во април 2014 година членови на радикалната исламистичка група Боко харам киднапираа 276 девојки од две училишта во источно нигерискиот град Чибок. Оттогаш нивната судбина е неизвесна.
Бухари наведе дека им ветил на родителите дека „Владата нема да биде спокојна се додека девојките не бидат спасени живи и вратени кај нивните семејства“.
- И понатаму сум целосно ангажиран на тоа ветување, посочи Бухари.
Тој додаде дека Нигарија ја реорганизирала армијата за да се справи со терористите од Боко харам. Бухари посичи и дека безбедносните сили веќе „исчистиле“ некои региони од екстремистите и го ограничиле нивниот потенцијал.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче Петров
-
Митинг на СДСМ во Велес
-
Тема на денот со Љузим Фаризи, политички аналитичар
-
Поднесено обвинение против петмина турски државјани за убиството во кафе бар во Штип
-
СДСМ продолжува со активностите на терен
-
Монтажен паркинг на Матка, промена на фасади во Карпош, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на терен
-
Избори 2025 - Активности на ДУИ и на ВЛЕН
-
Активности на кандидати за градоналачници