Бухари: Не сум мртов, ова сум вистинскиот јас
Нигерискиот претседател Мухамаду Бухари вчера се обиде да ги демантира гласините дека починал поради сериозни здравствени проблеми и дека е заменет со двојник, кој дошол од Судан.
– Наскоро ќе го прославам 76-иот роденден и ќе продолжам да се чувствувам добро. Многумина се надеваа дека сум починат поради проблемите со здравјето. Не сум мртов, ова сум вистинскиот јас, изјави Бухари.
Според нигерискиот претседател, луѓето што ги шират гласините за неговата смрт се неуки.
Бухари јавно се огласи со демант откако веќе неколку месеци на социјалните мрежи се шират гласини дека тој е починат и дека е заменет од измамник по потекло од Судан со име Џубрил.
Ваквите тврдења се шират низ социјалните мрежи, иако досега никој не ги поткрепил гласините со докази за смртта на претседателот.
Ново на Сител
-
ССМ утре на протест за повисоки плати, КСС ќе остане дома
-
Почна процесот на вработување на специјализанти
-
Обука за медицински персонал од штипска физикална за третман на повредините во пожарот во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
МВР истражува дали е подметнат пожарот во куќата на Пандов
-
Камбовски: Оставки не носат реформи во судството
-
Судиите бараат да бидат вклучени во законски измени на правосудството
-
СДСМ: Наместо решение за цените, добивме маркетиншки трикови