Бугарското Собрание изгласа: Кирилицата е бугарска азбука – Бугарија ги описмени сите Словени

Бугарското Собрание вчера го усвои предлогот на партијата на Каракачанов за преименување на празникот 24 мај во Ден на бугарската литература образование и култура. Според предлагачот на законот, ова е прв чекор кон признавање на кирилицата од страна на ЕУ како бугарска азбука.
Бугарската писменост е идентична со кирилицата, создадена и раширена меѓу другите словенски народи токму од Бугарија. Основата на државноста на бугарскиот дух е токму бугарското писмо. Кирилицата, која е создадена во Бугарија и ја замени глаголицата, создадена од Константин-Кирил филозоф и Методиј, е дел од основното движење за реформи спроведено од Борис, Симеон Велики и цар Петар, образложи пред бугарските пратеници историчарот Милен Михов од партијата ВМРО-БНД.
Тие додаваат дека кирилицата како чисто бугарска творба ја создал Климент Охридски во бугарска држава. Предлогот во Собранието во прво читање доби поддршка и од партијата на премиерот Бојко Борисов. Неговата министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева вчера во интервју за локален медиум повтори дека Македонија мора да се откаже од македонското малцинство во Бугарија и да ги признае како што таа рече историските факти доколку сака да се придвижи во интегративниот процес. Иако директно не се закани со блокада на преговоарачкиот процес Захариева испрати јасна порака дека Бугарија нема намера да попушти од своите позиции за кои смета дека се историска вистина.
Александар Спасовски
Ново на Сител
-

Не ја затворил ниту вратата од автомобилот – 44-годишник со 2,78 промили алкохол во крвта уапсен во Кочани
-

Полицијата нема да признава лична карта и возачка дозвола на телефон – граѓаните мора да ги носат пластичните
-

Голема полициска акција во здравството: Под истрага приватна болница, вработени во Фондот и Ден Дончев
-

АХВ заплени речиси 2 тони небезбедно месо во Радовиш, заплена и на див производител на чварки во Пепелиште | ФОТО
-

Вардар со реми против Мелсунген се прости од Лигата на шампиони
-

Најсвежо утрово на Попова Шапка
-

Болсонаро избега во САД па се прогласи за „лидер на Бразил“
-

Светски ден на мозочниот удар - раното препознавање спасува животи
