Бугарското обвинителство побара одземање на имунитетот на пратеник на владејачката партија
Јавниот обвинител на Бугарија, Сотир Цацаров денеска побара од бугарското Народно собрание да му го укине пратеничкиот имунитет на пратеникот Иван Миховски, кој е член на владејачката партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на премиерот Бојко Борисов, јави БТА.
Како што соопшти бугарското Јавно обвинителство, барањето е поднесено врз основа на обвинението против Миховски за „нанесување средна телесна повреда од невнимание при сообраќајна несреќа“.
Според обвинтелниот акт, Миховски на 2 октомври 2015 година движејќи се со неприлагодена брзина со својот автомобил удрил во пешак во местото Тројан.
При несреќата пешакот се здобил со фрактура и средна телесна повреда, која довела до трајно отежнато движење на неговите долни екстремитети во период од три до четири месеци.
Веднаш по несреќата, Миховски бил подложен на алкотест кој покажал присуство на 0,48 промили алкохол во неговата крв.
Ново на Сител
-
Приведени 4 лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Во изминатите 24 часа 33 пожари на отворено од кои 16 се изгаснати, а пет под контрола
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд