Бугарското МНР внимателно ги следи ставовите на македонската опозиција за затворање на бугарските клубови
![]()
Бугарското Министерство за надворешни работи со особено внимание ја следи, како што наведува, „кампањата на опозицијата во Република Северна Македонија против бугарските клубови и нејзино инструментализирање за внатрешно политички цели“, изјави бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.
Како што јави дописникот на МИА во Софија, според Коџабашев, вакво однесување е единствено во корист на фактори или трети страни, кои имаат интерес да ја попречат европската интеграција на Северна Македонија.
Коџабашев ги коментираше измените и дополнувањата на Законот за здруженија и фондации и на Законот за политички партии во Северна Македонија, наведувајќи дека властите во Софија стравуваат дека со нив може да се ограничи правото на здружување.
Тој истакна дека со законските измени се воведува нова комисија за имиња на личности, прашувајќи кој ќе има контрола врз ставовите на комисијата, дали се обезбедува правото на обжалување на нејзините одлуки, какви се критериумите од кои комисијата ќе се води во својата работа.
Коџабашев исто така наведе дека сега претстои дали Владата во Скопје ќе го испрати Законот за здруженија и фондации за мислење до Венецијанската комисија.
-Бугарија смета дека ако се водело соодветно внимание и грижа за човековите права, таков важен предлог-закон требало претходно да се испрати на мислење, бидејќи сега во практика законот почна да се применува, додаде тој.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на Владата
-

Здравство преку СМС ќе ги информира граѓаните од засегнатите општини како да се заштитат од западнонилска треска
-

Анализите од ЦЈЗ Тетово покажале исправна вода, Клековски: Да се објават и останатите резултати
-

Пожарот во Мариово ќе гори со денови, ако ја премине Црна или патот ќе прерасне во најголем пожар во регионот
-

Охриѓанецот Дарко со владин авион транспортиран во Берлин
-

Средба Муцунски – Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ приоритет за Чешка
-

Во завршна фаза реконструкцијата на шест училишта во кои ќе се воведе едносменска настава од септември
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
