Бугарското МНР со протестна нота поради антибугарските протести и пароли
Министерството за надворешни работи на Бугарија испрати нота до Министерството за надворешни работи на Република Македонија во врска со „бројните манифестации и слогани насочени против Бугарија“ на јавниот простор на земјава во последните денови, информираат од бугарското Министерство за надворешни работи.
Во него се изразува длабока загриженост за она што се случува, „што е исто така одговор на распространетиот антиевропски наратив против воспоставувањето на добрососедски односи меѓу двете земји“.
„Особено е загрижувачки што злонамерните дела на јавниот простор ескалираат во време кога Софија и Скопје активно бараат начин за конструктивен дијалог и изнаоѓање трајни взаемно прифатливи решенија во интерес на европската интеграција на Република Северна Македонија и Регионот. Веруваме дека ваквите дела ќе се претворат во дел од минатото, а нашите две земји ќе успеат да отворат нова страница во односите, засновани на меѓусебно почитување и искрено пријателство“, додаваат од Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста