-->
-->
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-->
Основниот суд Куманово го осуди шеесетгодишниот државјанин на Р. Бугарија и на Р. Србија, Предраг Миленков за кривично дело измама на затворска казна од четири години и десет месеци. Тој во јануари годинава со други непознати лица ја измами 66 годишна кумановка за 30.000 евра.
„Превидената максимална казна е пет години затвор, судот му изрекува на обвинетиот четири години и 10 месеци. На оштетените, семејството Величковски, му се досудува износ од околу 30.000 евра“, рече судијата.
Бугарскиот државјанин измамата ја направи на 31 јануари. Тој не призна вина, туку рече дека и тој бил измамен од друго лице. Но, истрагата утврдила дека тој ги земал парите, а бил снимен и од надзорните камери на местото каде било примопредавањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана
-
Преглед на вестите од светот