Бугарски медиуми: Радев подготвува „воен кабинет“
Медиумите во Бугарија објавија дека Стефан Јанев најверојатно ќе биде привремен премиер.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на бугарските медиуми, бригадниот генерал Јанев, кој сега е секретар за безбедност и одбрана на претседателот Румен Радев, е можен кандидат за привремен премиер на Бугарија.
Тој е поранешен вицепремиер и министер за одбрана во привремената влада во Бугарија за време на претседателот Радев во зимата 2017 година, на чие чело беше Огнен Герџиков.
Поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Николај Цонев се споменува како министер за одбрана.
Министерството за здравство веројатно ќе го преземе поранешниот управител на Националниот фонд за здравствено осигурување, д-р Дечо Дечев, но според други извори, на таа функција може да биде и пулмологот Коста Костов.
Галаб Донев најверојатно ќе биде министер за труд и социјална политика во привремената влада, кој е секретар за социјална политика и здравство на претседателот Радев.
Поради поврзаноста со поранешните војници, бугарските медиуми ја опишуваат идната привремена влада на претседателот Радев како „воена влада“.
Претседателот на Бугарија се очекува утре официјално да го распушти Парламентот на земјата и да назначи привремена влада за одржување предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јули.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
