Бугарски медиуми ја пренесоа изјавата на Пендаровски
Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин и ова е непобитен историски факт, ја пренесуваат изјавата на Стево Пендаровска бугарски медиуми.
„Постојат два неспорни историски факт и тоа треба да биде компромисна варијанта за личноста и делото на големиот револуционер, кој предизвика тензии во односите меѓу Скопје и Софија и кој се заканува да создаде повторно нови контроверзии меѓу двете држави”, ги пренесува зборовите на Пендаровски БГНЕС.
Агенцијата го издвојува делот од изјавата на Пенадровски за Алсат М, пшто треба да биде емитувана вечерва во кој шефот на државата вели:
„Гоце Делчев се борел за автономија на Македонија, за независна држава, но дури на крајот на својот живот прави завет неговите коски да почиваат во независна македонска држава. Со еден збор, како што велат некои политичари: вистината и само вистина – така да биде. Неспорна историска вистина и факт е дека тој се изјаснувал како Бугарин. Неспорна историска вистина е и фактот дека тој се борел за македонска држава. Тоа е формулата“, пренесува БГНЕС.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Како да се заштити Скопје од криминалните банди?
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза