Бугарски камионџии се обиделе да пробијат блокада на грчките земјоделци
Четворица бугарски возачи на камиони денеска претпладне удриле во блокадата на грчките земјоделци кои протестираат против пензиските реформи на царинскиот терминал во Промахонас, на грчко-бугарската граница.
Според „Катимерини“, нервозни од долгото чекање поради тековните активности на земјоделците, четворица бугарски камионџии ги запалиле моторите на камионите, возеле околу два километри покрај колона автомобили и камиони паркирани на автопатот и ги пробиле оградите на преминот. Бугарските власти ги уапсиле возачите, додека петти возач кој се обидел со истата тактика бил запрен на грчката страна од границата и однесен во притвор.
Во меѓувреме, грчките земјоделци за денеска најавија дека на неопределено време ќе постават блокада на автопатот Атина-Солун. Патни блокади веќе осум дена има во речиси сите реони во Грција, а за петок се најавени блокади со трактори и автобуси и во центарот на Атина.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги