Бугарски експерти: Истрагата за автобуската несреќа ќе трае шест месеци
Истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 45 патници, а 7 преживеаја, ќе трае шест месеци – велат бугарските експерти кои од изутринава гостуваат низ различни емисии во Бугарија.
Тие објаснуваат дека, причините ќе се кажат за брзо време, но не и виновниците.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески во изјава за медиумите, вчера пред болницата „Пирогов“ во Софија, каде се сместени седуммина од преживеаните патници, изјави дека до тој момент не може да се каже која е причината за незгодата. Според него, можни се два фактори, човечкиот фактор или, пак, техничката неисправност на возилото.
– За причините во овој момент не може да се каже. Сите прашања се отворени. Впрочем затоа се води и истрагата. Нашите колеги јавни обвинители од Република Бугарија со кои имаме одлична соработка ги фиксираат сите траги, прибираат податоци и во овој момент не може воопшто ништо да се каже која е причината за незгодата, истакна Јовески и додаде дека станува збор за пообемни вештачења.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот