-->
-->
Бугарската собраниска Комисија за надворешни работи утре ќе го разгледува „францускиот предлог“
-->
Комисијата за надворешна политика на бугарскиот Парламент утре попладне ќе одржи седница на која ќе биде разгледан „францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Софија.
На седницата, како што е најавено, „ќе биде претставен и ставот на бугарското МНР за записникот од заедничката средба согласно членот 12 од Договорот со Република Северна Македонија од 2017 година, како и пакет документи на Претседателството со Советот на ЕУ во врска со процесот на проширување на ЕУ“.
Инаку за денеска во бугарското Собрание е закажана седница на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Кирил Петков.
Петков утрово при пристигнувањето во Народното собрание на Бугарија изјави дека е оптимист дека неговата влада ќе го преживее гласањето за доверба.
За да опстане, Владата на Петков мора да добие поддршка од најмалку 121 од вкупно 240-те пратеници во Собранието. Расправата по иницијативата ќе се води денеска во Народното собрание, а гласањето треба да се одржи 24 часа по нејзиното завршување во среда навечер или четврток претпладне.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран
-
27 годишник од Гана силувал 32 годишна скопјанка во Кисела Вода
-
Бројот на загинати во невремето Трами на Филипините се искачи на 138
-
Во Батинци загина пешак откако бил удрен со возило
-
Израелските војници убиле висок командант на Хамас на Западниот Брег
-
Мицкоски за оставката на Комисијата за помилување: По направена грешка, ако се превземе одговорност, тогаш тоа е доблесно
-
Грција ја следи ситуацијата со балканската рута и поради опасноста меѓу мигрантите да има борци од Хамас
-
Путин: Разгледуваме одговори доколку НАТО и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел