Бугарката Корнелија Нинова избрана за потпретседател на Социјалистичката интернационала
Лидерот на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова, на 25-от конгрес на сицијалистичката интернационала, што се оддржа во Картагена, во Колумбија, е избрана за потпретседател на организацијата, соопшти прес-центарот на Бугарската социјалистичка партија.
За престижната функција таа беше номинирана лично од генералниот секретар на организацијата Луис Ајала. Во гласањето учествуваа делегати од над 150 левичарски партии од цел свет.
Конгресот го отвори и поздрави колумбискиот претседател и носител на Нобеловата награда за мир за 2016 година Хуан Мануел Сантос.
Годинешниот конгрес на социјалистите е посветен на светските конфликти и начините за надминување и нивно спречување.
Нови мандати добија досегашниот претседател Јоргос Папандреу и генерален секретар на организацијата Луис Ајала.
Социјалистичката интернационала е светска организација формирана во 1951 година, а ги обединува социјалистичките, социјалдемократските и работничките партии.
Ново на Сител
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега