Македонија
24. May 2025 - 16:50

Бугарија засега не потврдува средба Сиљановска-Радев со високи претставници на ЕУ, НАТО и САД

Бугарија засега не потврдува можна средба помеѓу Радев и Сиљановска следниот месец на НАТО самиот во Хаг. 

Средбата која ја најави премиерот Мицкоски од заедничката прес конфереција со шефицата на европската дипломатија, бугарските медиуми ја пренесоа, но државниот врв не ја искоментира. Одговор побаравме и од кабинетот на бугарскиот претседател Радев, но оттаму велат дека досега немаат инофмација за ваква средба. 

Аналитичарите пак сметаат дека македонската страна не треба да има големи очекувања од средба во ваков формат, и покрај најавеното присуство на високи претставници на ЕУ, НАТО и САД.

Единаствен начин за придвижување кон конечно решение, според Арсовски е промена на позициите или на Софија, или на Скопје. 

ЕУ се уште се надева дека Македонија ќе ги исполни превземените обврски за уставните измени, но шефицата на европската дипломатија Каја Калас вчера од Скопје порача дека се разгледуваат и други механизми за откочување на европската интеграција на земјава, ако планот А не успее.