Бугарија сe уште не испратила воена и воено-техничка поддршка за Украина
Бугарија сe уште не испратила воена и воено-техничка поддршка за Украина. Toа на прес-конференција во Министерството за одбрана го објасни заменик-министерката за одбрана на Бугарија, Катерина Граматикова. Изјавата беше по спекулациите во медиумите дека државата испратила оружје пред Законот за ратификација на Договорот меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и Украина за бесплатното обезбедување на вооружување, опрема и муниција, јави БТА.
„По повод загриженоста на јавноста дека Националното собрание ќе биде изолирано од обезбедувањето дополнителна дополнителна помош за Украина, Министерството за одбрана подготви амандман на договорот“, објави Граматикова.
Таа објасни дека со текстот на договорот беше надмината правна празнина во бугарското законодавство и создаден е правен предуслов државата да може да го реализира. Во денешниот број на Државен весник е објавен законот.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска