Бугарија: Нови закани за поставени бомби низ училишта
Четврти ден закани со бомби до училиштата во Софија и низ Бугарија. Повеќе од 45 нови закани, повторно испратени по електронска пошта, затворија училишта. Истрагата на полицијата чија цел е да се утврди каде се наоѓа испраќачот, продолжува. Директорите на локацијата одлучуваат дали часовите треба да продолжат, јавија бугарските медиуми.
Неколку училишта во Бургас го започнаа денот со мејлови за поставени експлозивни направи во зградите, поради што учениците беа евакуирани. Образовни институции во Пловдив, Стара Загора, Добрич, Јамбол и Софија, исто така, добија заканувачки пораки.
„Не знаеме како да реагираме на такви сигнали“, изјави за бугарски медиуми експертот за национална безбедност Милен Иванов. „Дури и да не е конкретно хибридна војна, создавањето психоза исто така не е корисно за општеството и донекаде помага да се постигнат целите. Кај нас постои проблем – имаме стратешки рамковен Акт за антитероризам, но, за жал , немаме тактички дејствија, не знаеме што да правиме“, објасни тој.
Националниот бугарски план за борба против тероризмот се очекува да биде ажуриран до 31 мај.
Ново на Сител
-
Трамп повика на средба меѓу Украина и Русија во Турција оваа недела
-
ПМФЛ: Вардар го доби Работнички во градското дерби
-
Македонија ја совлада Литванија и се пласираше на ЕП 2026
-
Куче врзано за кола и влечено во Крива Паланка
-
Малолетничка пријавила дека доктор ја допирал по телото на клиниката „Мајка Тереза“
-
Папата Лав Четиринаесетти ги повика светските сили да ги прекинат сите војни
-
Мицкоски: Следната недела ќе имаме завршна средба со Таравари, Владата е стабилна и фокусирана на проекти
-
Вандали ја саботирале електричната инсталација во штипската модуларна болница