Бугарија не попушта за Македонија, ЕУ не сака одвојување од Албанија
Министрите за европски работи на ЕУ до предмалку дебатираа за усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија и Албанија, според дипломатски извори од ЕУ, Бугарија одбила да попушти, јавува дописничката на МИА од Брисел.
Дебатата за проширувањето претпладнево на министерскиот состанок во Луксембург била прилично интензивна, пренесуваат дипломатите, посебно во однос на Македонија и бугарската блокада. Според присутните, најнастојчива била Германија, која покажала силна заложба за почетокот на преговорите со Македонија.
Бугарската страна меѓутоа и натаму одбивала да попушти, и покрај предупредувањата на земјите членки на ЕУ дека со оваа блокада „ЕУ си пука сама себе во нога“.
На Софија и било предочено повторно дека во прашање е кредибилитетот на целата Европска Унија и критиките на земјите членки кон позицијата на Бугарија биле „многубројни“, велат дипломатите во ЕУ.
Бугарскиот претставник порачал дека „ЕУ не ја разбира длабочината на проблемот“ помеѓу Скопје и Софија, дека овој спор е европско прашање, и дека притоа Бугарија се наоѓа во „специфична ситуација“ поради претстојните избори во јули.
Сепак, Бугарија не може да даде никаква гаранција ни дека со политичка влада ќе го деблокира ветото, жалат европските дипломати.
За огромното мнозинство земји членки е јасно дека одвојување од Албанија не смее да има, и дипломатите присутни на состанокот оценуваат дека е речиси невозможно ова сценарио да се оствари, „освен ако нешто се промени до крајот на денот“.
Ново на Сител
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
-

Лишено од слобода лице од Германија, возело со брзина од 203 километри на час на автопат
-

Земјотрес почувствуван во Гостивар и околината
-

Групна тепачка во Шуто Оризари поради присилно дрогирање со марихуана на малолетничка
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
