Бугарија ќе постави систем за надзор на границата со Турција
Бугарската техничка Влада денеска соопшти дека ќе ја прошири контролата на границата на Бугарија кон Турција, со цел да се спречи премин на илегални мигранти преку граничната линија.
Според најавите од Софија, проширувањето на контролата на границата ќе опфати поставување на систем за надзор, кој ќе се состои сензори и видео камери.
- Овој проект е од национално значење, се наведува во владиното соопштение.
Со цел спречување на илегалниот премин на мигранти од Турција, Бугарија уште во 2013 година почна да поставува жичена ограда долж бугарско-турската граница. Се очекува поставувањето на бодликавата жица долж граничната линија да биде завршено до мај годинава.
- Наша цел е долж целата граница да се постават видео камери, соопшти претставник на бугарското Министерство за внатрешни работи, додавајќи дека овие мерки се неопходи во пресрет на затоплувањето на времето.
Податоците на бугарската полиција покажуваат дека бројот на илегални мигранти кои биле приведени долж границата со Турција бележи драстично намалување во последниве неколку месеци. Така, лани во декември биле откриени 480 илегални мигрнати, што е значително помалку во споредба со август истата година, кога биле пресретнати 3.015 мигранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор