Бугарија ќе го празнува 24 мај како Ден на бугарската азбука
Мнозинството пратеници во бугарскиот парламент гласаа за измени во Законот за работни односи, односно за преименување на националниот празник 24 Мај.
Во пресрет на парламентарните избори во соседна Бугарија кои се закажани за на пролет идната година, владеачките „Обединети патриоти“ на секој начин се обидуваат да добијат политички поени.
Додека Владата се соочува со повеќемесечни протести, „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „ВМРО“ на Красимир Каракачанов ја засилија националистичката реторика кон Македонија и со контроверзни барања несоодветни за 21-ви век ги блокираа пристапните преговори на земјава со Европската унија.
Деновиве, коалицијата повлече уште еден потег, кој според тамошната опозиција има за цел да го одвлече вниманието на бугарското општество од актуелните проблеми.
Со измените на Законот за работни односи, празникот 24 Мај, од Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо се преименува во Ден на светите браќа Кирил и Методиј, за бугарската азбука, образование и култура и за словенската литература.
Според „Обединетите патриоти“, терминот „словенско писмо“ бил измислен од Комунистите пред неколку децении.
Георги Гоков од БСП се спротистави на измените на законот истакнувајќи дека Законот за работни односи не може да реши историски спорови. На тоа му возвратија од владеачката коалиција, истакнувајќи дека ставот на БСП е ист со изјавата на рускиот претседател Владимир Путин кој неодамна истакна дека словенското писмо доаѓа од Македонија.
Ново на Сител
-
Тошковски: Бонус плата за 6.241 лица вработени во МВР кои што оствариле над 150 часа прекувремена работа во 2024
-
Трамп ветува „љубезен“ тон кон Кина доколку Пекинг почне трговски преговори со САД
-
Нова кривична пријава за ректорот на Универзитетот во Белград, нема да има средба со српскиот премиер
-
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор
-
Кривична пријава против директор на јавно претпријатие во Делчево за злоупотреба на службената положба
-
РЕК Битола: Присуството на прашина при поинтензивен ветер е позната појава, работиме на нејзино минимизирање
-
Украдени се две бронзени бисти на гробиштата во „Бутел“
-
Со фалсификат документи „аудито“ на вонбрачната партнерка го регистрирал на негово име