Бугарија ќе добие од иницијативата „Три мориња“ меѓу 50 и 250 милиони евра
– Бугарија ќе добие меѓу 50 и 250 милиони евра во рамките на иницијативата „Три мориња“, со што ќе се финансираат бугарски проекти во областа на транспортот, енергијата и дигиталното поврзување. Досега има три приоритетни бугарски проекти, кои ги разгледува фондот кон иницијативата – 3SIIF.
Ова е посочено за време на меѓународната онлајн конференција „Капитал за инфраструктурата“, организирана од Бугарската банка за развој, јавува дописникот на МИА од Софија.
Преку оваа банка, Бугарија ќе има пристап до средствата од Фондот. Се очекува средствата да бидат искористени за финансирање на околу 30 бугарски проекти. Пред три години, три бугарски проекти беа одобрени од Иницијативата како приоритетни – проширување на подземното складиште на гас во Кирен, реновирање на железничката линија Русе-Варна и изградба на тунел под Стара планина, кај преминот Петрохан. Бугарија, исто така, предложи од Фондот да го финансира и автопатот „Црно море”, што ќе ги поврзува Бургас и Варна.
Пред учесниците на конференцијата зборуваа бугарскиот министер за економија, Кирил Петков, и претседателот Румен Радев.
Во 2021 година, Бугарија е претседател на Иницијативата „Три мориња“, која обединува 12 земји-членки на Европската унија. „Три мориња“ е платформа за соработка меѓу земјите меѓу Балтичкото, Црно и Јадранското море. Инвестицискиот фонд 3SIIF, со седиште во Луксембург, вклучува акционери од земјите кои учествуваат во иницијативата „Три мориња“. Почетната вредноста на Фондот изнесува пет милијарди евра, а се очекува да генерира инвестиции до 100 милијарди евра во транспортот, енергијата и дигиталната инфраструктура.
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ