Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание

Во десеттиот обид, ниту еден од двајцата кандидати кои влегоа во вториот круг - Наталија Киселова и Силви Кирилов - не е избран за претседател на 51-то Народно собрание на Бугарија.
Ова е веста, која денеска ја избра МИА од сервисот на Бугарската телеграфска агенција (БТА), согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат по една вест, која ќе ја објават на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.
Во текот на вториот круг кандидатурата на доц. Киселова, предложена од „БСП-Обединета левица“, ја поддржаа 89 пратеници, 60 гласаа против, 88 беа „воздржани“. По процедура на прегласување, Киселова доби поддршка од 118 пратеници, 30 беа против, а 90 пратеници беа воздржани.
„За“ номинацијата на Наталија Киселова, „за“ гласаа пратениците на „ДПС-Нов почеток“, ГЕРБ-СДС, „БСП-Обединета левица“. „Против“ беа еден пратеник од ГЕРБ-СДС, како и пратениците од „Има таков народ“ (ИТН) и „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Пратениците од „Продолжуваме со промената - Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ), „Преродба“ и „Алијанса за права и слободи“ (АПС) гласаа „воздржано“. За да биде избран претседател на 51. Народно собрание, повеќе од половина од присутните пратеници треба да гласаат за неговата кандидатура.
Кандидатурата на Силви Кирилов од „Има таков народ“ (ИТН) ја поддржаа 99 пратеници, 120 беа против, а 19 воздржани. Него го поддржаа 17 пратеници од ПП-ДБ, пратениците од „Преродба“, АПС, ИТН и МЕЧ. „Против“ гласаа пратениците од ГЕРБ-СДС, двајца од ПП-ДБ, пратениците од „ДПС-Нов почеток“ и „БСП-Обединета левица“. Со „воздржан“ гласаа 18 пратеници од ПП-ДБ и еден пратеник од „БСП-Обединета левица“.
Утре во 10:00 часот ќе продолжи првата седница на 51. Народно собрание, најави Силви Кирилов кој претседава со седницата.
Ново на Сител
-

Фондацијата „Илија Камчев“ донира 300.000 евра за уредување на кејот во Марена
-

Асоцијацијата на брокерски друштва и Министерството за финансии во дијалог за европски стандарди и фер услови на осигурителниот пазар
-

Скопската Зоолошка организира прослава за првиот роденден на гибонот Мики
-

Нарачала мебел преку социјална мрежа, останала без 550 евра - измамена жена од Арачиново
-

Од црква во Чаир одземен бакарен лим од кровот вреден над 150.000 денари
-

Светска програма за храна: Војната во Иран може да доведе до акутен глад за 45 милиони луѓе
-

Татко кој физички и психички си ја малтретирал ќерката, која паднала од балкон во Тетово, сам се пријави во полиција
-

Шилегов: Исклучување од членство од партијата врши општинската организација, а не Филипче и раководството на СДСМ
