Бугарија го одбележува Денот на независноста
Традиционално, секоја година централните прослави по повод Денот на независноста на Бугарија се одржуваат во Велико Трново. Како што јави дописникот на МИА од Софија, настаните ќе почнат претпладне, кога претседателот на Бугарија, Румен Радев, ќе присуствува на воениот ритуал на кревање на државното знаме на тврдината „Царевец“, по што ќе одржи говор и потоа ќе учествува во поворка до споменикот „Мајка Бугарија“ во центарот на Велико Трново, каде што ќе положи цвеќе.
Привремениот премиер Стефан Јанев попладнево ќе пристигне во старата бугарска престолнина Трново и ќе присуствува на аудио-визуелниот спектакл „Царевград-Тарнов-звук и светлина“ на плоштадот Цар Асен I во Велико Трново. Претходно тој ќе оставри средба со претседаѕелот на Управниот совет на здружението на општини во Бугаирја, Даниел Панов. Во рамки на посетата, премиерот ќе ја посети и црквата „Св. 40 маченици “.
Дописникот на МИА од Софија потсети дека пред 113 години бугарскиот цар Фердинанд во Трново со манифест прогласи независност на Бугарија, со што се стави крај на нејзината зависност од Отоманската империја во финансиска и политичка смисла, останата од Берлинскиот конгрес 1878. По обединувањето на 6 септември 1885 година, Бугарија веќе беше „де факто“ независна држава, но „де јуре“ ова се случи на 22 септември 1908 година.
Интерсен детал од тоа време е дека независноста имала своја финансиска цена, што е регулирана со билатералниот договор меѓу Бугарија и Отоманската империја, со посредство на Русија, чин преку кој таа сакала да го капитализира својот обид да влијае врз младата бугарска држава. Но, тоа не се случи, бидејќи по избувнувањето на Првата светска војна, Бугарија и Русија се најдоа на спротивни страни. Обединувањето на Северна и Јужна Бугарија на 6 септември, поделена за време на Берлинскиот конгрес во 1878 година, заврши со прогласување на независноста на Бугарија во 1908 година. Обединувањето и прогласувањето на независност е резултат на дипломатија од крајот на 19 -от и почетокот на 20 век и покрај волјата на големите сили.
Ново на Сител
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп
-
Штипскиот Економски факултет го одбележа денот на македонскиот денар
-
Националното биро за осигурување: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето
-
Се одржа Меѓународниот натпревар за сирени во Шангај | ВИДЕО
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува