Бугарија ги отвора образовните центри, училиштата, рестораните и казината

Во Бугарија денеска повторно се отвораат приватните образовни центри и училишта, рестораните и казината, согласно наредбата на бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов, со која се очекува да се олеснат голем број анти-епидемиски мерки, јави БГНЕС.
Дозволени се и туристичките патувања во земјата,
Објекти за јадење и забава, обложувалниците и казината можат да примат клиентите до 50 проценти од нивниот капацитет, ќе можат да работат до 23 часот, а на една маса ќе можат да седат до шест лица. Персоналот во објектите мора да носи заштитни маски, а во објектите со апарати за коцкање и посетителите мора да носат маски.
Од денеска е дозволено да се одржуваат и часови со физичко присуство во училиштата за ученици со сензорна попреченост, со почитување на анти-епидемиските мерки.
Дозволено е да се одржуваат и групни часови во центри за странски јазици, едукативни центри и други центри за обука и училишта организирани од правни и физички лица. Условот е да се почитува физичко растојание од 1,5 метар, да се носи заштитна маска за лице, да се проветрува на секој час и да се прави дезинфекција.
Со физичко присуство повторно почнуваат и групните и воннаставните активности, активности по интереси, занимални и други активности организирани во училишна и воннаставна средина.
Дозволени се и изложби доколку се организира еднонасочно движење и одржување на физичко растојание од 1,5 метар меѓу посетителите.
Ново на Сител
-

Русија се надева дека Трамп нема да направи „фатална грешка“ со Венецуела
-

40% од младите на 14 години веќе пушат, четири илјади пушачи годишно умираат во Македонија
-

Естонија соопшти дека руски граничари илегално влегле на нејзина територија
-

Хаос во албанскиот парламент, опозициските пратеници ја блокираа седницата
-

Кривична за 16-годишно момче од Крива Паланка за напад врз малолетник
-

Кумановец измамил две фамилии за 373 890 денари - им ветил летување во Турција
-

Акциска контрола во Тетово: Затекнати шест лица кои вршеле јавен превоз без лиценца
-

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри
