Бугарија дозволи употреба на вакцината на Џонсон и Џонсон
Вакцината „Џенсен“, која се дава во една доза, во Бугарија ќе се користи без ограничувања, најави денеска главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев. Бугарија чекаше официјално мислење од Европската агенција за лекови (ЕМА), која даде зелено светло за употреба на вакцината за да започне вакцинација со препаратот на Џонсон и Џонсон.
Кунчев најави дека одредена количина на вакцини ќе биде насочена кон туристичката индустрија во Бугарија, со оглед на почетокот на сезоната. Досега од тој сектор околу 80.000 луѓе кои изразиле желба за имунизација.
– Покрај тоа, планираме вакцината Џенсен да се користи и кај ромската популација, рече Кунчев, додавајќи дека вакцината ќе се користи во групи каде што треба да се постигне побрз ефект и каде ќе биде потешко да се администрира втора доза од некоја друга вакцина.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК