Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија
Специјалниот пратеник на Владата на Севена Македонија за Бугарија Владо Бучковски во интервју за емисијата за меѓународна политика „Светот и ние“ на БНТ рече дека му е јасно зошто неговата генерација емотивно гледа на разговорите со Бугарија, со оглед на настани од Втората светска војна и односите со Југославија.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, според Бучковски, тоа може да се види во инфраструктурата помеѓу двете држави.
Според него, нашите позиции се кристално јасни и тоа е дека мора да се најде заеднички именител и со тоа да им го отвори патот на идните генерации.
Решението, според Бучковски, е во согласност со Договорот за добрососедство од 2017. -Целосно ми е јасно е дека во крајна линија се ќе биде поврзано со заедничката историја. Времето ќе работи за историската комисија, но немаме трпение таа да го трасира патот кон европската иднина, рече Бучковски, додавајќи дека се добредојдени искусни експерти кои решаваат вакви проблеми, но оти во овој момент нема потреба од посредници.
Бучковски е убеден дека треба да се изгради пат помеѓу Скопје и Софија со којшто патувањето од сегашните четири часа ќе де се намали на два часа, што е нормално за две соседни земји и нивните главни градови.
Во однос на капиталниот прокет за железничкото поврзување помеѓу двете држави посочи дека Владата во Скопје обезбедила 600 милиони евра за реализација. Укажа и дека на директорската позизција во Македонски железници е поставен поранешниот пратеник Хари Локвецен, кој, како што истакна е многу посветен за реализацијата на проектот.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
